Вести Македонија Ударни вести

ДС: Говорот на Иванов ги продлабочува поделбите

Сподели:

„Говорот на Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија, пред пратениците, наместо сплотеност, единство и владеење на правото, повеќе беше во функција на заштита на тие што го кршеа Уставот и законите и ја загрозуваа безбедноста на државата, со што дополнително ќе се зголемат поделбите и сомнежите на граѓаните во владеење на правдата и подеднаква примена на законите.

Грабежот на имотот на граѓаните, газењето на основните човекови права, масовното прислушување, кршењето на изборните правила, насилствата во Парламентот и другите еклатантни примери на злоупотреби од разулавената власт во изминатите десет години,Иванов не ги преметуваше и не реагираше, затоа денешниот негов настап е фрлање прав во очите на јавноста и перење од гревовите.

Не се сомневаме дека секој што ја злоупотребил власта и довербата на граѓаните за тоа порано или покасно ќе понесе одговорност.

Демократскиот сојуз промените ги поддржа, за да се создадат услови за подобар живот за сите и Македонија силно да чекори кон стандардите на Европската Унија“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Сподели: