ДС: Странските банки нема да кредитираат систем каде се кршат правата на граѓаните

Сподели

demokratski-sojuz-horizontalno1-735x315

Блокадата на реализацијата на еврообврзницата во износ од 650 милиони евра, која владата ја издаде, е сигнал од потенцијалните кредитори дека независно од добивката, тие сепак се одлучија да го послушаат гласот на народот и реакциите на медиумите, граѓанскиот сектор и на партиите, реагираат од Демократски сојуз.

„Ваквата одлука е опомена до владата на ВМРO-ДПМНЕ и на ДУИ дека странските банки немаат намера да кредитираат систем каде се кршат правата на граѓаните (масовно прислушување), изборните правила и високи функционери се вклучени во тешки облици на криминал“, пишува во соопштението на ДС.

Од партијата оценуваат дека санкциите преку финансиска и економска изолација на Република Македонија ќе продолжат и ќе се зајакнат. Како што се вели во реакцијата на ДС, од овие причини тие предлагаат да се формира експертска влада, која ќе има мандат да ги стабилизира состојбите, да спроведе реформи и да создаде услови за избори.