ДУИ ги објави носителите на изборните листи, Ахмети ќе се натпреварува во шестката

Сподели

dui-tsentralen-odbor

Демократската унијата за интеграција (ДУИ) денеска ги објави имињата на носителите на листите за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Оттаму соопштуваат дека генералниот совет на ДУИ го одобрил предлог на централното претседателство, па лидерот на партијата, Али Ахмети, ќе биде носител на кандидатската листа во шестата изборна единица, Артан Груби во изборната единица еден, Ејуп Халими во двојката, Нафи Дурмиши во третата изборна единица, во четворката листата ќе ја предводи Артин Спахиу, во петката Агим Шаќири, додека Џевдет Спахиу ќе се натпреварува за гласови во изборната единица седум.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја поздравил одлуката на советот и изразил уверување дека овие кандидати ќе дадат свој придонес за време на кампањата и како членови на следниот состав на Собранието.http://мета.мк