ДУИ: Поднесување на одговорност за злоупотреби на партиската доверба и службената должност

Сподели

Демократската унија за интеграција соопшти дека на последниот состанок на претседателството на партијата се разговарало и за потребата од транспарентно реформирање на сите нивоа и структури на ДУИ.

„Довербата на граѓаните за спроведување на изборните ветувања е остварена со речиси непрекинато учество во сите надлежности, што има направено партиските експоненти да станат предмет на постојана критика, но, исто така, бескрупулозни клевети, кои вклучуваат неаргументирани обвиненија за корупција, небулози за национално предавство дури и бесмислени обвиненијата за убиство. За нас, довербата на граѓаните за претседателот Али Ахмети и за Демократската унија за интеграција е над сè и затоа, за обелоденување на целосната и единствена вистина, ДУИ бара и ќе се ангажира за длабоко истражување на активноста на секој функционер од 2002 година до денес и поднесување на одговорност за евентуални злоупотреби на партиската доверба и службената должност“, стои во соопштението.

Од партијата наведуваат дека со овој чекор го покажуваат цврстиот ангажман за обелоденување на вистината и иницијативата за реформи за стабилност и продолжување на ДУИ како национална вредност, преку правно и институционално отстранување на сите сомнежи, но, исто така, и постојаните тенденциозни клевети насочени кон ДУИ.