Вести Македонија

ДУИ размислува за повлекување на своите министри од Владата

Сподели:

На денешниот состанок на централно претседателство на ДУИ, кое веќе е во тек во седиштето на партијата во Мала Речица, ќе се расправа за повлекување на министрите на ДУИ од Владата, велат партиски извори за „Мета“.

Доколку централното претседателство донесе ваква одлука, актуелната Влада ќе остане без една третина од министрите.

Тоа, според нивните пресметки, би значело дека треба да се формира нова влада под итна постапка.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска свика итен состанок на централното претседателство на кој ќе се бара излез од блокадата во Собранието, но ќе се расправа и за однесувањето на Беса.

Сподели: