Две години условна казна за Ивона Талевска

Сподели

 

Кривичниот суд во Скопје денеска на новинарката и уредничка во „Сител“ и одреди условна казна затвор од две години, доколку во следните четири години не го повтори или стори друго кривично дело.

Талевска, според пресудата, ќе треба да ја врати и целата сума, за кој беше обвинета во случајот „Тифани“ на Специјалното јавно обвинителство, а дополнително, треба да плати 76 илјади денари, трошоци за вештачењето. Талевска треба да плати и 1.000 евра како споредна штета, во рок од 30 дена.

Талевска има право на жалба на пресудата во рок од 15 дена.

Нивинарката денеска на првото рочиште од судскиот процес „Тифани“ пред судот ја призна вината за даночно затајување за кое ја товараше СЈО.