Вести Македонија Ударни вести

Движењето “ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” го обедини Центар

Сподели:

 

 
 
Граѓанското движење “Одлучно за промени”, предводено од Зелената партија ДОМ и од ЛДП, вечерва во скопската општина Центар го одржа завршниот собир пред првиот круг на локалните избори.
 
 
 
 
 
 
Пред многубројните Центарци, собрани во главниот парк во Капиштец, свои говори имаа: кандидатот за градоначалник на општина Центар, д-р Антони Новотни, носителите на советничките листи на општина Центар и на град Скопје, Евдокија Тасеска и проф. д-р Никола Пановски, како и претседателите на ДОМ и ЛДП, д-р Маја Морачанин и Горан Милевски.
 
Заедничка нивна порака беше да се ослободиме од црно-белиот политички свет и граѓаните да гласаат за третата опција “Одлучно за промени” која нуди чесни и нови идеи и визии за развој на општините во Македонија и во недела на 17 октомври на гласачките листови да го закружат редниот број 2.
Сподели: