Вести Македонија

DW: Скандал со автопатите-претходната Влада потпишала одговорност за пропустите!

Сподели:

Со параф од двајца поранешни министри Кинезите бараат од Владата анекс на договорот за Штип-Миладиновци, дознава Дојче веле. Изградбата на оваа делница ќе проголта екстра милиони и ќе доцни најмалку една година!

Пропустите со автопатите стануваат се` поочигледни, а штетите се` поконкретни! Надзорот детектираше серија грешки и големи пропусти кои драматично ќе ја поскапат цената на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип. Но на изненадувањата им нема крај. Како што дознава Дојче веле, во владата сега се соочиле и со барање од кинеските изведувачи за продолжување на рокот за изградба на делницата Миладиновци-Штип. Од „Синохидро“ барале уште една година за работа на терен, но и дополнителни пари за покривање на пропустите за кои од поранешната влада добиле потпис дека вината не е кај нив:
„Од она што досега го утврдивме е дека поранешната Влада им потпишала на кинеските изведувачи дека презема одговорност за сите пропусти. Тоа практично значи дека ние како држава сега ја преземаме одговорноста за доцнењето и направените пропусти. Станува збор за технички детали и тоа на повеќе позиции. Парафот го ставиле поранешниот вицепремиер за економски прашања, министерот за транспорт и врски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. Допрва анализираме како ќе постапиме“, открива за Дојче веле висок владин претставник.
Пролонгирање на рокот
Како што дознаваме, со анекс на договорот кинеската компанија бара да се пролонгира рокот за завршување на автопатската делница Миладиновци-Штип која првично требаше да биде готова во мај годинава:

Messe InternationaleTourismusbörse ITB 2012 Berlin (DW)

Поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски е меѓу потпишаните на договорот со кинеската фирма

„Кинеската компанија сега бара одложување на рокот за изградба на автопатската делница до мај 2018 година. Или наместо мај 2017, една година подоцна. Бараат да се потпише анекс на договорот со кој оваа работа ќе се утврди дополнително. Ние тоа го немаме се` уште потпишано, но очигледно дека ќе мора бидејќи тоа е тоа. Колку точно ќе значи тоа дополнително во пари засега не може да се каже со точност. Но сигурно дека станува збор за неколку милиони евра повеќе од првично планираните 216 милиони евра колку што требаше да чини изградбата на оваа делница“, вели нашиот извор.
По ваквиот развој станува се` поизвесно дека конечната сметка со автопатите кои се градат со кинески кредит ќе биде драстично поскапа. Грешките и пропустите детектирани во делот на автопатот од Кичево до Охрид, ќе проголтаат дополнителни најмалку 100 милиони евра. Една третина од овие пари ќе бидат потребни за клучките кои воопшто и ги немало во проектите. Најмалку уште двојно повеќе ќе чинат активностите околу тунелите, засеците, косините, кои поради пропусти во подготвителната фаза на проектирањето ќе мора да се работат со многу посложени и поскапи технологии. Со ова само за оваа делница која првично требаше да тежи 373 милиони евра, ќе отидат близу половина милијарда.
Потврдени пропусти
Во извештајот од надзорот кој го објави Дојче веле констатирани се проблеми со нестабилност во косините, потреба од дислокација на надземни и подземни инфраструктурни и станбено деловни објекти, неусогласеност на проектната документација со состојбата на терен, потреба од дополнителни заштити и потпори на тунелите поради лошите материјали.

Текстот во целост прочитајте го тука

DW

Сподели: