ЕБОР одобри 9 милиони евра кредит на ПроКредит Банка во РС Македонија

Сподели

 

 

Со средствата ќе се поддржи инклузивноста на младите и ќе се промовираат зелените финансирања

  • ЕУР 2 милиони кредит од Програмата за поддршка на млади во бизнис со поддршка од Шведска, Италија и Луксембург
  • ЕУР 7 милиони кредит од Програмата за зелено финансирање на Банката наменети за инвестиции во зелена енергија од страна на на малите и средни претпријатија
  • Програмата за зелено финансирање е поддржана од Заедничкиот фонд за одржливи и развојни цели на Обединетите Нации и Владата на Северна Македонија под покровителство на Развојната Програма на Обединетите Нации 

 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средстава за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од ЕУР 9 милиони наменет за ПроКредит Банка.

ЕБОР одобри ЕУР 2 милиони од Програмата Млади во бизнис (МвБ), која е за прв пат застапена во Северна Македонија, а со неа ќе се поддржат локалните микро, мали, и средни претпријатија (ММСП), во сопственост или управувани од предприемачи под 35 години.

Церемонијата на потпишување на договорот со ПроКредит банка од Програмата Млади во бизнис, беше во рамки на настанот организиран од ЕБОР, каде беше промовирано претприемништвото кај младите, а каде учество земаа Народната банка на Република Северна Македонија, претставници од Владата, комерцијални банки, младински организации, стартапи и акцелератори.

Неодамна лансираната Програма за Млади во бизнис, наменета за шесте економии на Западен Балкан, е креирана за младите претприемачи, кои имаат ограничен пристап до финансирањето и советодавните услуги. Во наредниве пет години, Банката планира да додели до ЕУР 100 милиони во регионот, преку локалните партнерски банки, како и преку не-банкарските институции под Програмата за Советодавни услуги за мали бизниси .

Советодавната поддршка и гаранциите поврзани со Програмата МвБ се поддржани од Владите на ШведскаИталија и Луксембург.

Средствата во износ од ЕУР 7 милиони од Програмата за зелено финасирање (Green Finance Facility – GFF) ќе се одобруваат  на локалните  мали и средни претпријатија (МСП). Покрај потребното кредитирање на домашните бизниси, ќе се доделуваат и грантови (до 10 отсто од износот на заемот) за поддршка на инвестициите во обновливи извори и енергетски ефикаснитехнологии.

Фондовите за техничка соработка под оваа програма ќе бидат наменети за  локалните банки кои се заинтересирани да финансираат и за локалните бизниси кои ќе имплементираат зелени проекти. Оваа комбинација на кредити и грантови е обезбедена од Заедничкиот фонд за одржлививи и развојни цели и Владата на Северна Македонија под покровителство на Развојната Програма на Обединетите Нации,

Програмата за зелено финансирање е пилот заедничка иницијатива на ЕБОР, Развојаната Програма на Обединетите Нации и Владата на Северна Македонија. Таа обезбедува пристап до достапно зелено финансирање за малите и средни претпријатија, како и пазарни, но до сега не покриени групи на поединци и домаќинства, кои сакаат да инвестираат во обновлива енергија и енергетски ефикасни решенија, придонесувајќи кон намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот.

Северна Македонија се приклучи кон ЕБОР во 1993 година, и до сега има инвестирано над ЕУР 2,6 милијарди во 180 проекти, од кои скоро половина се во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата е да поддржи конкурентност, зелена транзиција и натамошна интеграција во регионалните и глобалните пазари.