Вести Македонија Ударни вести

Екипите на ЈП Паркови и зеленило го расчистуваат градот од паднати дрвја и гранки

Сподели:

 

Екипите на ЈП Паркови и зеленило по попладневното невреме кое го зафати Скопје веднаш излегоа на терен заради расчистување на паднати гранки и дрвја и овозможување на нормално функционирање на градот.

 

 

Досега се пријавени  над 40 локации на кои е побарана наша интервенција но од час во час стигнуваат и нови пријави. Се случува на една локација да  има паднати  повеќе дрвја и гранки така што бројот на потребни интервенции е многу поголем.

Екипите  моментално работат на неколку места, а веќе завршија со интервенции на повеќе локации . Заради поголема ефикасност  организирани сме во 4 екипи, од кои секоја екипа работи во одредени делови од градот. Освен секторот Дрвореди во активностите на расчистување на градот се приклучија и работниците од секторите Вонградско зеленило и Градско зеленило.

На некои места каде е опасно да се делува ноќе и има потреба  да се исклучи струјата, ќе се интервенира во текот на утрешниот ден, додека пак онаму каде што постојат услови за работа ќе продолжиме со расчистувањето и во текот на вечерните и ноќните часови. Со активностите ќе продолжиме и во наредните денови се до целосно расчистување на последиците од невремето.

Сподели: