Вести Македонија

Екологистите до Бернската конвенција: Заштита на Охридското Езеро и Галичица

Сподели:

ohridsko-ezero

Екологистите од Македонија поднесоа жалба до Бернската конвенција барајќи Охрид и Охридското Езеро, заедно со националниот парк Галичица, да се спасат од мегаломанските проекти.

Бернската конвенција е надлежна за заштита на европскиот див свет и ги разгледува случаите со уништувањето на природното богатство.

Најавените мегаломанските проекти ќе бидат оспорени по слична постапка како со „Луково поле“ и „Бошков мост“, а Конвенцијата, по жалба од здруженијата, веќе наложи да се стопираат сите проекти што беа предвидени во регионот на Маврово.

Владата одобри реализирање на неколку проекти како што се патот Охрид – Пештани преку Галичица, скијачкиот центар на Галичица, елитна населба во Студенчишко Блато и туристичко-развојна зона во Љубаништа.

Екологистите и експертите се спротивставуваат и предупредија дека со ова ќе се загрозат 260 ендемски видови, како и целиот лик на регионот.

По алармот на екологистите, наскоро во Охрид пристигнуваат и екипи од УНЕСКО, кои ќе ја скенираат состојбата на терен.

Ќе разгледуваат што од она што е заштитено како културно и природно наследство го променило својот лик.

Доколку утврдат нарушувања, ќе го прогласат градот и езерото за загрозени подрачја.

meta.mk

Сподели: