ЕУ ОЧEКУВА БРЗО ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА

Сподели

Европската унија денеска изрази очекување дека новата влада во Mакедонија „Bрзо ќе се формира“, пренесува МИА од Брисел. Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич го повтори ставот на комисијата, даден веднаш по парламентарните избори на 11 декември.  „Во оваа фаза, единствено што можам да кажам е дека одблиску ја следиме ситуацијата. Како што рековме, во рамки на уставните рокови, очекуваме брзо формирање на нова стабилна влада. Исто така сакаме да видиме итна примена на реформите и системско владеење на правото, преку итните реформски приоритети и преку продолжена имплементација на претходните политички договори. Во тој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата на нејзиниот европски пат“.