Европската федерација на новинарите со поддршка за Регистарот на професионални онлајн медиуми

Сподели

 

Европската федерација на новинарите (ЕФН) го поздрави Регистарот за саморегулација на професионалните онлајн медиуми во Северна Македонија, инициран од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ).

„Ние веруваме дека новинарските организации треба да ги промовираат високите етички стандарди во новинарството од кои јавноста има корист. Тие се засновани врз пет принципи: вистината и точноста, независноста, праведноста и чесноста, хуманоста и одговорноста“, рече генералниот секретар на ЕФН, Рикардо Гутиерез. „Затоа, ЕФН ја поддржува оваа професионална иницијатива со цел зајакнување на саморегулацијата на медиумите во С. Македонија“, додаде тој.

Потсетуваме дека повеќе од 70 онлајн медиуми успеаја да влезат во Регистарот уште во првата фаза, а од 01 јануари идната година ќе биде ставена во функција и веб страницата www.promedia.mk која ќе има детали за сите членки на Регистарот.