Филипче: Измени во законот за абортус – волјата на жената е на прво место

Сподели

Се кројат законски измени во законот за абортус. Министерот за здравство денеска изјави дека со тој закон на жената и се дава можност за слободен избор за абортус до 12-та недела, во консултација со матичниот гинеколог како и слободен избор за прекин на бременоста жената ќе има и до 22 гестациска недела од бременоста, со оценка на комисија составена од двајца гинеколози и еден социјален работник.

„Волјата на жената ја ставаме на прво место во овој период, драфт верзијата на законот е подготвена и потребна е уште една финална консултација со сите кои се заинтересирани за промена на законот, со стручните лица од Клиниката за гинекологија и акушерство, МТСП и невладините организации“ – изјави министерот Венко Филипче.