Филипче: Сѐ уште е рано за отворање на нашите граници

Сподели

 

“Рано е за отворање на границите кај нас. Сметам дека треба да помине уште еден период во кој ќе ги имплементираме нашите мерки на олабавување. Потребен е координиран пристап сосите соседни земји да се направи заедничка стратегија за отворање на границите”, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека на средбата во Атина разговарале за повеќе пристапи на отворање на границите.

“Тоа што го разговаравме во Атина беше прво да се дискутира можноста границите да се поминуваат без тестови, имајќи предвид дека тоа има логика кога станува збор за мали групи, меѓутоа ја губи смислата кога станува збор за масовно поминување на граници, посебно од земји кои претходно имале различен ризик од болеста” – рече Филипче.

“Од грчката страна исто така се уште очекуваме и одговор да се овозможи бесплатно лекување на било кој од граѓаните од овие шест соседни земји во земјата каде што ќе се затекнат, а доколку заболат од коронавирусот” – истакна Филипче.

Србија најави отворање на границите на 1 јуни, при што за нашите државјани нема да биде потребен тест за ковид, додека Грција најави дека ќе ги отвори своите граници за соседните земји од 1 јули, исто така без задолжително тестирање.