Физички пресметки, семејно насилство, трговија со оружје

Сподели

СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.Ф.Т.(22) од Р.Турција и М.Е.К.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 03.06.2025 полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот во кој престојувале пријавените, при што е пронајдена и одземена автоматска пушка и две рамки за истата со куршуми калибар 7,62 мм.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.С.(22), Д.М.(25), А.М.(18), К.Р.(22) и М.М.(48), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 14.06.2025 во угостителски објект во нас.Точила, прилепско, тие нападнале полициски службеници.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 31.12.2024  во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајдена и одземена  марихуана.

На 29.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода З.А.(29) и М.Б.(36), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и ризли. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 29.06.2025 во 12.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ со ул.„Ванчо Николески“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ч.(22)  од с.Горенци, општина Дебрца и велосипед, управуван од С.Ф.(59) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 29.06.2025 во 15.52 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат кон с.Прегово, општина Пласница, А.Д.(54) од с.Лисичани, општина Пласница, управувајќи мопед паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Д., констатирани во Општата болница Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.

На 29.06.2025 во 14.29 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека на регионален пат во с.Саса, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од К.С.(28) од Делчево, товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.К.(73) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица и мотоцикл „томос“, управуван од Д.М.(38) од с.Саса, општина Македонска Каменица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен е увид од увидна екипа од Полициските станици Делчево и Виница.

На 29.06.2025 во 07.06 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосница „Компосара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а управувано од Б.С.(63) од с.Јакимово, виничко и мопед „томос“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(72) од нас.Оризари, кочанско. Во несреќата на местото на настанот починал возачот на мопедот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

На 29.06.2025 во 14.00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат Гостивар-с. Чајле, Ф.Е. (44) од с. Чајле, гостиварско,  управувајќи мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Ф.Е. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 29.06.2025 во 02 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(41) од Скопје, по претходна пријава од неговата 40-годишна поранешна сопруга дека околу 00.30 часот во домот физички го нападнал нивниот малолетен син, а му го скршил мобилниот телефон на другиот нивен малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.06.2025 во 22.20 часот полициски службеници од СВР Скопје, го лишија од слобода  Д.И.(47) од Скопје по претходна пријава од неговата 41-годишна сопруга дека околу 20.30 часот во семејниот дом во скопско село физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 29.06.2025 во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.П.(36) од Скопје, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со С.П.(56), додека Р.П.(62) и С.П.(56), сите од Скопје во обид да ги разделат, се здобиле со повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.06.2025 во 17.44 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Кочани пријави дека околу 17 часот на паркинг на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.Ѓ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.06.2025 во 12.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ш.(18) и Ш.Ш.(25), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.06.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, Ф.В.(26) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот во с.Јурумлери,скопско, бил физички нападнат од М.Г.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.06.2025 во 12.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на с.Визбегово,скопско, настанал пожар во нива, кој подоцна се проширил и зафатил дел од ограда на хотел и објект кој служел како магацин. Од Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот е изгаснат. Повредени лица нема.

извор/фото МВР