ФОНДАЦИЈАТА “ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ” СО ГОЛЕМА ДОНАЦИЈА ЗА МАЛИОТ МАРТИН МИЦЕВ

Сподели

unnamed-226

Повеќе од милион и триста илјади денари се собрани на денешната донаторска акција што се организира по 6 пат под закрила на Фондацијата “Трајче Мукаетов”. Средствата ќе бидат донирани за лекување на 18 месечно бебе на вработен во компанијата, на кое му е дијагностицирана исклучително ретка болест, ембриобластен тумор на мозокот. Бебето Мартин Мицев неодамна е оперирано во Македонија и ќе следува негов постоперативен третман на клиника во Германија.

– Денеска се собравме целото Алкалоидово семејство да придонесеме за лекувањето на бебето и да молиме бога дека тоа ќе оздрави, ќе продфолжи да расте и еден ден можеби ќе биде дел од „Алкалоид“. Ќе ја дадеме целата наша поддршка за Мартин да се излечи- изјави генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Таткото Влатко Мицев се заблагодари на сите колеги и на менаџерскиот тим.

– Во овој тежок миг, среќен сум што сум дел од „Алкалоид“. Се надевам дека со помошта од сите вас ќе успеемне да ја добиеме оваа битка и ќе биде се` како што треба – рече Влатко Мицев.

Во донаторската акција учествуваа и Фармацевскиот факултет, веледрогеријата „Еурофарм“, поединци и соработници на „Алкалоид“ кој годинава одбележува осумдецениско постоење.