ФРОДЕМ: ЕДЕН ПОЛУЧЕКОР НАЗАД, ЗА ДВА НАПРЕД

Сподели

Соопштение на ФРОДЕМ:

ФРОДЕМ оценува дека со опструкциите за составување на влада се нанесуваат тешки последи по однос на мирот и стабилноста на земјата. Собранието не работи, мандатот на локалната власт истече, а извршната власт функционира технички. Поради нефункционирањето на Собранието не се врши контрола врз работата на инситуциите и со тоа се суспендира уставниот поредок. Затоа, пратениците веднаш треба да ја продолжат конститутивната седница, да изберат претседател на Собранието, а тој веднаш да свика седница и за да се избере нова Влада.

Веќе два месеци секојдневно течат преговори меѓу албанските партии најпрво со врхушката на ДПМНЕ, а сега со СДСМ за т.н. Платформа. Очигледно е дека и двете партии и ДПМНЕ и СДСМ заради партиски и лични интереси  имаат прифатено или ветено дека ке исполнат барања кои излегуваат надвор од Уставот со што го вознемирија македонскиот граѓанин  Би било најдобро лидерите на партиите кои преговарале јавно и директно да се соочат на целовечерна дебата за да јавноста конечно дознае што се преговарало зад нејзиниот грб. Време е сите да дознаеме кој е тој кој ги продал и предал националните и државните интереси.   Ова е особено  значајно да го дознаат новокомпонираните  „загрижени и патриоти по нарачка“ кои секојдневно организираат „лов на вештерки“ и ги вознемируваат граѓаните.

ФРОДЕМ бара од сите политички субјекти и граѓани почитување на унитарноста и уставниот поредок и унапредување на правата во рамките на Уставот на РМ. Во оваа смисла, и Претседателот Иванов треба да се произнесе за уставноста и опасноста по унитарноста на сите досега донесени акти во Собранието на РМ. Дали e таков чин, налогот на Груевски кон пратениците да гласаат за Автентичното толкување на Законост за амнестија на Хашките случаи и потпишаниот од  Претседателот Иванов, Указ за објавување на толкувањето.  Дали истото важеше и кога се донесе Законост за јазиците на заедниците во 2008. Дали „унитарното вето“ важеше и за измените и дополните на овој закон кога во 2011 година се донесе по скратена постапка, кога не се водеше сметка за Амандманот бр. V на Уставот на РМ. Не сме толку сенилни, а да не можеме да се потсетиме дека токму Владата на Груевски во 2015 година, даде илјадници народни пари за изработка на Прегледот на Охридскиот договор за социјална кохезија. Читајќи ги препораките во овој прегледа јавно го поставуваме прашањето. Дали Владата на Груевски уште тогаш ја прифати фамозната Платформа?

          ФРОДЕМ цени дека доволно време се потроши на преговори за Платформата и дека е дојден моментот оваа дебата времено да сопре односно да има мораториум до првиот момент кога за тоа ќе се создадат поволни услови . За контруктивни разговори секогаш има простор и време. Унапредувањето на етничките права не може да се врши по пат на партиско-коалициски лицитации во услови на зовриени страсти и бескрупулозна пропаганда. Албанските партии  на тој начин ќе дадат конкретен, клучен продонес кон надминување на кризата и зачувувањето на унитарноста. Македонските граѓани ќе знаат овој чекор да го ценат и да го валоризираат.

           ФРОДЕМ смета дека економските прашања, функционирањето на институциите и гонењето на организираниот криминал треба да се темите со кои ќе се преокупира конструктивната јавност. Земјата и бизнисот се блокирани од долгата криза. Сосема се погрешни изјавите дека подолго време во вакви услови може да функционира земјата. На сите им е јасно дека од националниот популизам можат да живеат само партиските врхушки, но не и осиромашениот народ. Затоа  партиите треба да направат по еден получекор назад, за да земјата отиде два големи чекори напред. Тоа е мерата за вистинскиот патриотизам и почитување на државата.