Во врска со последните пишувања во јавноста од страна на наша пациентка, а со цел изнесување на вистината, ја информираме сета јавност дека ЈЗУ У ГАК ги отфрла сите обвинувања од страна на пациентката.
Случајот денес е разгледан од страна на Комисијата за квалитет при што е констатирано дека во врска со пациентката е постапено по протокол за што постојат и пишани докази за истото (прегледи, терапија и сл.).
И покрај сета пружена грижа, пациентката ја напуштила клиниката на свое барање. Како институција ја почитуваме сечија приватност, но и интегритетот и начелото на установата, информираат од ГАК.


