Вести Македонија

Герила акција во Реканскиот крај: Табли со патокази што покажуваат колку луѓе се иселиле

Сподели:

timthumb (15)(1)

На неколку локации во Реканскиот крај, еден од најраселените во Македонија, се појавија табли кои, покрај насоката и рaстојнието до одредено село, покажуваат и колку луѓе се иселиле од тоа село во изминатите 20 години и колкав процент од вкупното население е иселено во странство, јави А1он.

Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште и другите населени места од овој крај, некогаш биле големи и бројни села, сега се опустени, а луѓе има само во летниот период.

– Со оваа акција сакаме да му помогнеме на локалното население и да алармираме за една од најголемите болки на реканскиот крај – иселувањето. Акцијата е наменета за поддршка на локалните НВО и месните заедници да го дигнат својот глас и да алармираат за овој горлив проблем во реканскиот регион – велат активистите.

Акцијата е помогната од програмата „Цивика мобилитас“.

Сподели: