Град Скопје: Исчистена е дивата депонија на крајот на булеварот Илинден

Сподели

 

Исчистена е дивата депонија на крајот на булеварот Илинден во населбата Карпош 4 информираат од Град Скопје.
 
На ова место се поставени и столпчиња, како камионите и останатата механизација не би можеле повеќе да пристапуваат.
 
Со чистењето на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијална опасност од загадување на подземните води и почвата.
 
Скопје без диви депонии е еден од главните проекти на кој градската администрација активно работи во соработка со општините и јавните претпријатија под Град Скопје.