Град Скопје: Во среда ќе се прска против комарци

Сподели

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 10.06.2020 година (среда), на подрачјето на градот Скопје, ќе се изврши авионска и терестрична дезинсекција, против ларви од комарци, односно:

1. Авионската дезинсекција, на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 10.06.2020 (среда), во раните утрински часови.

2. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 10.06.2020 (среда), во периодот од 08.00 до 17.00.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – се наведува во соопштението на Град Скопје.