Здружението „Градиме иднина“ – Скопје ќе достави Протокол до Владата за проектот „Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“.
Откако ќе се достави Протоколот до Владата треба на владина седница да се прифати и усвои и да се достави со владина одлука до сите државни институции и образовни установи да постапат по него против питачењето и злоупотребата на децата и нивното здравје.
Како што информираат од Здружението „Градиме иднина“ – Скопје, Протоколот ќе се достави до претседателот Стево Пендаровски, до амбасади, градинки, основни и средни училишта, донаторите на „Градиме иднина“, медиуми, општини, компании…