Градоначалникот на Куманово бара 14 дневен карантин и прогласување на кризна состојба

Сподели

 

На денешната прес-конференција градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски побара од Владата 14 дневен контролиран карантин и воведување на кризна состојба на територијата на општина Куманово.

По примерот на Дебар, бараме бараме да се засили присуството на државните институции и органи, директно да се вклучат на територија на Општина Куманово во борба против вирусот. Сметаме дека ова е добар пример којшто може да се примени и во Куманово со цел ова болест да биде искоренета на територија на нашата општина, а воедно да не претставуваме закана и за останати општини во регионот со ширење на вирусот, изјави Димитриевски, кој е командант на Општинскиот кризен штаб.

Со посебни дозволи непречено ќе се одвива и одењето на работа на сите коишто се ангажирани во стопанството. Истовремено ќе се вклучат поголем број на компании коишто ќе бидат сервис на граѓаните додека трае карантинот. Апелираме до Владата овој предлог да биде разгледан што поскоро и да излезе со конкретен предлог и препораки за граѓаните, но и акти коишто ќе се извршуваат, – рече Димитриевски.

Почитувајте ги препораките и допринесете за колективното здравје, порача градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.