Грчки авиони извршија први тест-летови над Македонија

Сподели

 

Со два лета во воздушниот простор над Македонија од 6.30 до 8.30 се извршија првите тест-летови на НАТО, кои ги извршија грчки авиони за потребите на мисијата „Воздушно патролирање“ (Air Policing) на НАТО, јави бугарскиот сајт „Актуално“, повикувајќи се на бугарската агенција БГНЕС.

Целта на овие летови била да се проверат комуникациите и радарското покривање во македонскиот воздушен простор.

Тие се дел од подготовката и исполнувањето на условите од страна на земјава во делот на авијацијата, како иден полноправен член на НАТО.