Вести Македонија

Груевски да собере храброст и да се соочи со правдата, Македонија ќе биде правна држава

Сподели:

Никој, па ниту Никола Груевски не може да избегне соочување со правдата и правната држава. Наместо да бега од обвинителите, Груевски треба да собере храброст и да се соочи со правосудните органи.

Секој граѓанин на Република Македонија, вклучително и Груевски, треба да одговара за своите постапки пред независен, професионален и непристрасен судски систем. Никој не смее да се става над законите и владеењето на правото.

Времето на сваровски судството заврши. Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднакво без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било припадност.

Сподели: