Вести Македонија

Груевски: Лидерска средба – само со тема и со план

Сподели:

gruevski-citalna-1000-knigi-izjava

Би присуствувал на лидерска средба, но претходно мора да ја знам темата и планот за средбата, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоција на нови наслови на книги во читалната „1000 Книги“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Тој повтори дека во неговата партија не се против одржување на лидерски средби и дека досега присуствувале на многу такви средби, од кои дел и сами ги иницирале.

– Досега никој не нè котактирал за одржување на лидерска средба. Ние, секако, би прифатиле, но добро е да има претходни договори и подготовки околу темата на средбата затоа што за граѓаните не е добро да се одржуваат лидерски средби, без претходно добро подготвен план и тема, особено затоа што секогаш нас нè обвинуваат ако пропадне средбата – рече Груевски.

То додаде дека во моментов нема ниту иницијатива, ниту тема за одржување лидерска средба.

http://meta.mk/gruevski-liderska-sredba-samo-so-tema-i-so-plan/

Сподели: