Вести Македонија Ударни вести

Груевски не се пријави во Шутка, но со цитат на Андриќ се обрати до неговите следбеници

Сподели:

Никола Груевски до утрово не се појави во затворот во Шуто Оризари каде треба да ја отслужува затворската казна во времетраење од две години за предметот „Тенк“ поврзан со набавката на мерцедесот.

Вчера попладне беше направен обид да му се достави на Груевски решението за издржување на затворската казна, но неуспешно. Од Кривичниот суд рекоа дека следниот обид ќе биде направен в понеделник, кога тој треба да се појави на рочиште за случајот „Титаник“.

Последното негово обраќање до своите следбеници беше објавено на неговиот фб профил, на 6. ноември со цитат од Иво Андриќ.

 

 

Сподели: