Груевски со прес-конференција во 16 часот

Сподели

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во 16 часот ќе одржи прес-конференција во седиштето на партијата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прес-конференцијата на Груевски следува по прес-конференцијата на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева каде што соопшти дека СЈО ќе поднесе 17 обвиненија за 18 предмети за 94 физички лица и 7 правни лица.

Според збирниот извештај на СЈО, се бара притвор за Груевски, за поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, за поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски како и за поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Освен за нив, во поднесените обвиненија СЈО бара притвор и за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, екс-министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски како и за уредникот на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас.

Покрај притворите, СЈО бара да им бидат одредени мерки на претпазливост на уште 47 лица.