Вести Македонија

Хакирање: Нарушена приватноста на речиси 5.000 студенти!?

Сподели:

Низ социјалните мрежи се шири Ексел документ кој содржи информации за 4.739 студенти, главно од Машинскиот факултет од Скопје! Соговорници на ЦИВИЛ Медиа од студентите чии информации се наоѓаат во објавената база се зачудени од несериозниот пристап на Факултетот за чување на личните информации и прашуваат како можело да дојде до „пробивањето“ на нивните податоци во јавност

Личните податоци на студентите од вчера се достапни на јавноста, а Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), ќе реагира откако Машинскиот факултет ќе и испрати и официјално барање.

Дарко Данев, деканот на Машинскиот факултет, изјави за Радио МОФ:  „До овој момент, ги преземавме сите мерки за да биде спречено евентуално понатамошно ширење на податоци од секаков вид, а тоа значи дека дел од серверите и дел од ИТ-опремата со која располага Машинскиот факултет се исклучени. Остварен е контакт со Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), а првиот работен ден од наша страна ќе биде доставено и официјално барање до Дирекцијата, за вршење вонреден контролен надзор, со што ќе се расветлат причините за настанатата состојба. Со нетрпение ги очекуваме наодите од Дирекцијата”.

ЦИВИЛ Медиа дојде до неколку студенти чии што информации се наоѓаат во базата, а кои се запишани на факултетот пред шест години. Тие едногласно изразуваат зачуденост од несериозниот пристап на Факултетот, за чување на нивните лични податоци и не разбираат како можело да дојде до овој пробив на информации и нарушување на приватноста од вакви размери.

civilmedia.mk

Сподели: