Вести Македонија Ударни вести

Халкбанк: Ажурирајте го телефонскиот број, ќе добиете СМС да ја подигнете картичката „КУПУВАМ ДОМАШНО’’

Сподели:

 

Халкбанк АД Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат добиено финансиска поддршка од страна на Владата на Република Северна Македонија во рамките на програмата „КУПУВАМ  ДОМАШНО’’, а која треба да се реализира преку Банката, доколку досега не извршиле ажурирање на своите лични податоци (телефонски број), тоа да го направат во најкус можен рок. Од причина што во моментот кога ќе биде изработена домашната платежна картичка, корисникот од страна на Халкбанк ќе добие СМС порака со информација каде може да ја подигне домашната платежна картичка од филијалата во која ќе им биде доставена. Ажурирањето на телефонскиот број може да се направи 24/7 на телефонскиот број 02/3296-330.

Програмата за финансиска поддршка на Владата важи за невработени граѓани, вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници и се состои од  издавање домашна платежна картичка наменета за купување македонски производи и услуги во утврдениот рок. Корисниците на финансиска поддршка се објавени на www.kupuvamdomasno.gov.mk и секој корисник со внесување на својот ЕМБГ може да провери дали му следува помошта и во која банка издавач ќе му биде издадена домашната платежна картичка и висината на финансиската поддршка.

На корисници на финансиска поддршка кои се постоечки клиенти на Халкбанк АД Скопје и имаат матична филијала ќе им биде отворена посебна трансакциска сметка за намените за кои важи картичката. При врачување на домашната платежна картичка, потребно е корисникот на финансиска поддршка да се идентификува со документ за лична идентификација (лична карта или пасош) во филијалата.

Малолетен граѓанин корисник на домашна платежна картичка кој има валиден документ за идентификација (лична карта или пасош), може самостојно да даде согласност и да склучи Договор за издавање на домашна платежна картичка и отворање на посебна трансакциска сметка без присуство на родител/старател.

Сподели: