Хан: Бугарија да не го користи пристапниот процес за билатерални проблеми

Сподели

 

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан е „уверен“ дека Софија нема да го блокира почетокот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, но ја повика да не го користи пристапниот процес за билатерални проблеми.

“Oва е прашање каде можам само итно да ги повикам нашите земји членки да не го употребуваат процесот за билатерални прашања, ако тоа билo случај, тогаш ова никаде не води”, истакна комесарот Хан за МИА.

Тој ја искористи можноста да ги повика земјите членки на ЕУ да го поедностават преговарачкиот процес за земјите кандидати, со помалку простор за блокади.