Вести Македонија Ударни вести

Хан во посета на Македонија – разговори за ЕУ агендата

Сподели:

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија во рамки на која ќе има политички и средби со претставници на граѓанскиот сектор.

Хан, како што засега официјално е потврдено, ќе има средби со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери, со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на Алијансата на Албанците Зијадин Села.

Во рамки на посетата еврокомесарот ќе се сретне и со претставници на невладиниот сектор.

Посетата на Скопје, Хан ја најави на Твитер по средбите во Брисел со вицепремиерот Османи и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

На средбата Османи ќе ги презентира новите реформски пакети 6 и 9 кои претставуваат дополнение на Планот 3-6-9, а во кои се содржат реформите  кои произлегуваат од сите забелешки, препораки и сугестии во извештаите на Европската Комисија како и сите други релевантни межународни и домашни институции.

Сподели: