Ханес Свобода: ЕК предоцна и премалку реагира на развојот на настаните во Македонија

Сподели

hohanes-svoboda

Европската комисија премногу доцна реагира на развојот на настаните во Македонија, оценува австрискиот европратеник Ханес Свобода, во интервјуто за „Јуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) посветено на состојбата на социјалдемократијата во Западен Балкан.

Во однос на податокот дека Македонија е најслабо рангирана аспирантка за членка на ЕУ, според Индексот на слобода на медиумите, Свобода вели дека тоа е само еден од проблемите во земјата.

– Мислам дека слободата на медиумите како таква, е суштински елемент на демократијата и мора да се почитува во ЕУ. Тоа е основа за сите барања на земјите аспиранти за членство во ЕУ. Слободата на медиумите е само еден елемент на влошениот развој во Македонија. Европската комисијата реагира премногу доцна, а премалку за развојот на настаните во Македонија. Тоа е причината што повторно и повторно грубо се кршат основните парламентарни и медиумски права – смета Свобода.

Во однос на политичката криза, Свобода смета дека покрај Брисел, и другите земји членки на ЕУ мора да бараат подобрување на состојбата со правата во Македонија.

– Не само Европската комисија, туку и сите земји членки мора да ги почитуваат и активно да ги поддржуваат овие барања упатени до македонските политички сили, особено до актуелната влада и до претседателот. Од друга страна, Грција треба да биде многу покорисна во подавањето рака на Македонија во спорот за името – оценува Свобода.

meta.mk