Вести Македонија

ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ: ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ИНФОРМИРАНИ И СИГУРНИ ВО НИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ

Сподели:

HariLokvenec-1

Хари Локвенец, пратеник во Собранието и претседател на собраниската комисија за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразунавање и на Агензијата за разузнавање, денеска на прес-конференција во Собранието, изјави дека граѓаните мора да бидат информирани реално, точно и навремено за тоа дали навистина постојат закани за безбедноста на државата.

Како што рече Локвенец, по изјавите на претседателот Ѓорге Иванов со кои тој предизвикал страв кај граѓаните, многу е важно тие да се чувствуваат безбедни.

– Ова е особено важно по шпекулациите и сеењето страв од Ѓорге Иванов. Затоа, денеска свикав седница на Комисијата за надзор над УБК и над АР во рамките на остварување на надлежностите на комисијата за контрола на работењето на овие две институции. Седницата беше закажана по иницијатива на пратениците од опозицијата, а за надлежните институции да дадат одговор дали постојат опасности и закани за безбедноста на граѓаните и на уставниот поредок на Република Македонија – рече Локвенец.

Претседателот на комисијата изјави дека од надлежните раководни лица од двете институции добиле одговор дека моментално нема никакви закани по безбедноста на граѓаните.

Сподели: