Вести

ХРВ: ЕУ да престане да враќа сириски бегалци во Турција

Сподели:

1115938_orig

Европската Унија да престане да враќа сириски бегалци во Турција, порача меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), истакнувајќи дека не постојат гаранции на правата на бегалците во земјата.,

Од организацијата истакнуваат дека бегалците во Турција немаат пристап до работа, образование и до медицинска нега и нагласуваат дека „безбедна“ земја не треба да означува само заштита од војни и од гонење, туку дека треба да вклучува и право на работа, медицинска грижа и на образование. Од овие причини ХРВ се противи на Договорот меѓу ЕУ и Турција, чија цел е прекин на миграцискиот тек кон Европа и враќање во Турција на сириските бегалци кои сакаат азил, врз основа на тоа дека таа е „безбедна трета земја“.

http://meta.mk/hrv-eu-da-prestane-da-vraka-siriski-begaltsi-vo-turtsija/

Сподели: