Вести

Хрватска: Од понеделник нови регистарски таблички со логото на ЕУ

Сподели:

Во согласност со Правилникот на постојните регистарски таблички на левата страна е додаден син правоаголник како ознака за Европската унија, односно Европското лого и националната ознака за Хрватска

thumbs_b_c_b7a0f6dae96f791419f15e126a63c37e

ЗАГРЕБ (АА) – Од понеделник, 4-ти јули, во Хрватска се издаваат нови регистарски таблички со логото на ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).

Од хрватското министерство за внатрешни работи соопштија дека утре влегува на сила Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за регистрација и обележување на возилата и решение за утврдување на цената на новите регистарски таблички.

Во согласност со Правилникот на постојните регистарски таблички на левата страна е додаден син правоаголник како ознака за Европската унија, односно Европското лого и националната ознака за Хрватска.

По почетокот на издавањето на нови регистарски таблички возачите нема да ги менуваат постоечките регистарски таблички, туку тие ќе бидат постепено заменувани во сите случаи на редовна замена: кога возачите по прв пат ќе ги регистрираат возилата, при промена на регистарската област, во случај на губење, кражба или оштетување.

Граѓаните ќе можат по цена од 278 куни за да добијат нови регистарски таблички со истата ознака која досега ја имале но со логото на ЕУ.

Сподели: