Вести Македонија Ударни вести

И денеска дојави за бомби во скопските средни училишта

Сподели:

 

Денеска, во СВР Скопје околу 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на две средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Oколу 10 часот е добиена иста пријава од уште две средни училишта.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели: