И оваа сезона БЕГ ќе ги снабдува скопјани со топлинска енергија

Сподели

Град Скопје нема да ја преземе мрежата за парно греење од сегашниот снабдувач Балкан енерџи груп. Од Град Скопје очекуваат до крајот на месецов да заврши постапката за легализација, а потоа ќе бараат владата да им ја пренесе сопственоста на мрежата за да може од регулаторната комисија за енергетика да бараат лиценца за работа.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека топловодната мрежа е дивоградба и треба прво да се легализира. Па потоа Градот ќе бара нејзино превземање.

Градот има интерес само да управува со мрежата, но не и со производството, што значи дека може лиценцата да ја добие и по започнувањето на грејната сезона. Само 23 отсто од површината на Скопје е покриена со систем за парно греење, на кој се приклучени 17 отсто од домаќинствата.