Играта продолжува: Ново задолжување за раздолжување

Сподели

 

Владата денеска планира да се задолжи за над 16,1 милиони евра. парите ќе ги обезбеди од домашни кредитори преку аукција на државни хартии од вредност, јавува 24 Вести.

Половина од сумата што денеска ќе ја позајми ќе се враќа 15 години, додека останатата дел доспева за две години и за помалку од една година.

Веќе утре, по основ на доспеани долгови Владата ќе треба да врати идентична сума од 16,1 милион евра.

Инаку, според најновите објавени податоци, заклучно со третиот квартал јавниот долг достигна скоро 4,7 милијарди евра или 50,6% од бдп, што претставува рекордно измерено ниво на јавен долг.