Вести Македонија Ударни вести

Илиевски: Благодарност до сите кои водеа позитивна кампања, освен градоночалникот во заминување кој правеше театри

Сподели:

 

Вечерва, на ТВ дебатата на Алсат М, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски истакна

„Водевме позитивна кампања за да ја презентираме најдобрата и најбогатата програма.

Благодарност до сите кои водеа позитивна кампања, освен градоначалникот во заминување кој правеше театари, манипулации, во недостаток на аргументи за фијаското од 4 годишниот мандат, за нереализирани проекти.

Тој секогаш бараше изговори, така и во кампањата, граѓаните тоа го препознаа. Прави прекршоци, се снима дека некој го следи, си праќаат сами на себе пораки, а потоа ги објавуваат јавно.“

Тој порача дека СДСМ се убедливи победници на 31-ви октомври.

„Граѓаните гласаа против политиките на Димитриевски. Од 27.000 гласа во 2017, сега падна на 15.000 гласа.

Доколку граѓаните го сакаа ќе го гласаа во прв круг, а не сега да мисли дека ќе ги добие гласовите“- рече Илиевски.

СДСМ, локални избори 2021, Куманово

Сподели: