На „Фрауенфелд војнички маратон 2022″ што се одржа во Швајцарија, велешанецот Тале Илијевски, припадник на Армијата на РС Македонија, го освои првото место во категоријата ранг припаднци на странски армии, постигнувајќи личен рекорд на оваа патека.
Игор Јакимовски негов колега од Скопје го освои второто место.
Маратонот се трчал на 42 км со војничка униформа и ранец тежок 6,5 килограми.
Трет во оваа категорија е припаник на германската армија, информираа за МИА победниците.
Двајцата потенцираат дека со оваа победа потврдиле дека се достојни репрезенти на македонската армија, која ја претставија денеска на овој војнички маратон во Швајцарија./МИА