Вести Македонија Ударни вести

Индекс на загадување во Скопје: Високо и многу високо

Сподели:

Мерните инструменти на Министерството за животна средина  синоќа покажаа дека Скопје е многу загадено.

Во Центар во 19 часот синоќа  концентрацијата во воздухот со ПМ10 честичките беше 178 микрограми на еден кубен метар воздух (50 микрограми е граничната вредност). Во Карпош беше 312, во Лисиче 359. Два или три пати повеќе од граничните вредности има и од суспендираните  честички ПМ2,5.

Утрово мерењата покажуваат дека ниско загаден е воздухот во Лисиче и кај Ректоратот во Скопје, како и во Кочани.

Иако на почеток од грејната сезона, загаденоста на амбиенталниот воздух во Скопје секој ден расте.
Истиот проблем го имаше и лани, а новите градоначалници во кампањите ветуваа дека ќе се залагаат за почист воздух.

Сподели: