Ингеренциите на министерот за внатрешни работи на испит во резиденцијата на САД

Сподели

pregovori-SAD-rezidencija-860x680

Во резиденцијата на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, почнаа преговорите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. Се очекува партиите да се договорат за формирање преодна влада при организирање на предвремени парламентарни избори.

На средбата присуствуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

Посредници на преговорите се американскиот амбасадор Џес Бејли и заменикот на евроамбасадорот Аиво Орав, кој е на дополнителни консултации во Брисел.

Партиите за време на викендот имаа внатрепартиски консултации за единственото преостанато спорно прашање, односно ингеренциите на министерот за внатрешни работи.

meta.mk