Вести Македонија

Декларацијата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ ќе биде доставена ЦК на партијата

Сподели:

Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека до Централниот комитет на партијата ќе достави Декларација за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ, која содржи принципи на говор и мисла, на рамноправност, на непосреден избор, на тајност во одлучувањето, на неспоивост на функции, на индивидуална одговорност, на личен интегритет и квалитет, на внатрепартиска солидарност.

„Наш заеднички приоритет е нов кредибилен и капацитет ВМРО-ДПМНЕ да ја формира идната влада после завршување на процесите и дезизолација на партијата на домашната и меѓународната сцена. Истото е единствено можно само преку спроведување, на статутарни, темелни и суштински реформи во партијата“, се наведува во декларацијата.

Сподели: