Вести Македонија Ударни вести

Исплатата на паричниот додаток за енергенси ќе продолжи да се исплаќа од октомври

Сподели:

 

Во однос на информациите изнесени во јавноста за намалување на износот на паричните права од социјална и детска заштита, Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека исплатата на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за корисници на Гарантирана минимална помош и право на социјална сигурност за стари лица престанува со исплатата за месец март.

Имено, овие корисници го добиваат овој додаток во висина од 1203 денари согласно последното усогласување во јануари 2023 година, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за месеците од октомври до март, согласно Законот за социјалната заштита.

Со оглед дека во тек е исплата на паричните правата од социјална и детска заштита за месец април, престанува правото на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, а истото ќе продолжи да се остварува од месец октомври оваа година.

Сподели: