Вести Македонија Ударни вести

Истрага против 5 лица корисници на сексуални услуги од дете

Сподели:

 

Во рамките на истражна постапка што се спроведува против едно лице за кое постојат основи на сомнение дека сторило кривично дело „Трговија со дете“, по прибирање на доказен материјал, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја прошири истрагата и донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против уште против пет лица за истото кривично дело.

Имено, на 14.01. под раководство на предметниот јавен обвинител, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Кавадарци изврши претрес во дом и други простории кај осомничените. Петмината осомничени беа лишени од слобода и изнесени пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кој на предлог на јавниот обвинител, со Решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Осомничените на возраст од 21 до 39 години, во временскиот период од месец август до 19 септември минатата година, на различни локации, користеле сексуални услуги од малолетничка. Дваесет годишникот за кој веќе се спроведува истражна постапка за сторено кривично дело „Трговија со дете“,со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувал малолетничката на вршење полови дејствија и да дава сексуални услуги на осомничените за паричен надоместок од 1000 до 2000 денари.

Сподели: