Иванов ќе му го врачи мандатот за составување влада на Груевски

Сподели

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска во 13 часот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе му го врачи мандатот за составување на новата влада на Репулика Македонија, соопштија од кабинетот на Иванов.

Врачувањето на мандадот ќе се оджи во претседателската вила на Водно.

Инаку, денеска е последниот ден од десетте дена, по конституирањето на новиот собраниски состав (30 декември 2016 година), во кои претседателот на државата, Ѓорге Иванов, треба да го додели мандатот за формирање на новата влада „на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието“, по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември.

Според членот 90 од Уставот, мандатарот, односно Груевски, „има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието да му поднесе програма и предлог-состав на Владата“.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Инаку, на предвремените парламентарни извори на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број пратенички маднати – 51, СДСМ има 49, ДУИ – 10, Движење Беса – 5, Алијанса за Албанците – 3 и ДПА освои 2 пратеници.

meta.mk