Иванов му се извини на премиерот Зоран Заев

Сподели

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија информира дека е настаната техничка грешка при упатувањето покана до градоначалникот на општина Струмица за присуство на прославата на државниот празник „Илинден“ во Скопје.

Во дописот до јавноста се вели:

„Се извинуваме за настанатиот превид на протоколарните служби во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Информираме дека до г. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, е испратена покана за негово присуство“.
Како што известивме претходно, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов испратил покана до Зоран Заев градоначалник на општина Струмица со која што го поканува да присуствува на свеченостите што ќе се организираат по повод празникот Илинден.
Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, го извести Иванов дека Зоран Заев од 2016 година не е градоначалник, туку по добиениот мандат од Иванов е премиер на Република Македонија.