Избувнаа три големи пожари на отворено кај Струмица

Сподели

Три големи пожари избувнаа напладне на три локции во близна на Струмица.

Според информација од ТППЕ  од Струмица, пожарите избувнале во близина на селото Баница, кај затворот во Струмица и во месноста Софилар.

Во гаснењето на пожарите учествуваат повеќе екипи на ТППЕ Струмица, а чадот од пожарите се забележува и од поголема далечина, додека ветрот ги раснесува саѓите низ целиот град.